Сите полнолетни лица (18+) или малолетни лица со надзор и согласност од родител/старател, со добро општо психофизичко здравје можат да ги купат нашите онлајн програми преку Fitlife Shop (https://shop.fitlife.com.mk). Содржината на Фитнес/едукативната платформа е создадена и пласирана од професионалци со долгогодишно искуство но секој корисник е дел од платформата и ја користи истата на своја лична одговорност и без присила. Со самото регистрирање на платформата ги прифаќате општите услови за користење на истата. Секое прекршување, непочитување и неправилно користење на платформата и нејзината содржина ќе биде прекинато со бришење на корисничкиот профил на корисникот и исклучување на можноста за користење на платформата.
Преку платформата и нејзината содржина секој корисник ќе има достапност до информации, совети и практики за лично здравје кои подразбираат промена на животниот стил, исхраната, дневните активности и вметнување на редовна физичка активност. Содржината која се презентира преку платформата не е наменета да замени медицинска терапија, да третира или лечи било каква здравствена состојба. Секој член на платформата ја користи содржината целосно на сопствена одговорност и во склад со правилата за користење. Пред да се зачлените и почнете да ја користите платформата преку нејзината содржина, добро би било да се консултирате со лекар доколку имате некаква посебна здравствена состојба која бара професионален третман.
За да добиете пристап до нашите програми за вежбање треба да креирате нарачка на Fitlife Shop и после успешно плаќање ќе треба да побарате пристап за влез во соодветната приватна Facebook група за вежбање: Групата за регуларно вежбање или групата за трудници. Една наплата ви овозможува пристап до групата еден месец. Секој месец треба повторно да плаќате за продолжен пристап. Освен во случај кога плаќате за повеќе месеци одеднаш, тогаш ќе добиете и соодветен пристап за повеќе месеци. Плаќањето се врши преку Bankart системот на НЛБ Тутунска Банка. Fitlife Shop го задржува правото на промена на цените на пакетите и за истите корисникот ќе виде информиран навремено. Во моментот на плаќање вие се согласувате со општите услови за користење и истите ги прифаќате. Строго е забрането споделување и отстапување на кориснички профил и лозинка на трети лица.
Физичките производи кои се достапни на сајтот се доставуваат на адресата која ја оставате при нарачка и плаќањето се врши на курирот при примање на производот.
Доколку корисникот не е задоволен од продуктот и целосното искуство на платформата, може да поднесе жалба и барање за поврат на парите на fitlife.online.mk@gmail.com, а тимот на Фитлајф Дооел го задржува правото да го разгледа барањето и да одлучи дали парите ќе бидат вратени и барањето за поврат е основано.
Непречено користење и корисничко искуство без проблеми и пречки на платформата не може да се гарантира. Тимот како и брендот на платформата не одговара за потенцијалните технички проблеми и проблемите настаните во ситуација на прекин на работењето на платформата. Тимот кој што стои позади платформата се обврзува во најкус можен рок да ги санира и отстрани техничките проблеми на веб сајтот поради непречено користење на истиот и целосно корисничко искуство.
Целата содржина на веб сајтот е специјално создадена за потребите на платформата и строго се забранува нејзина злоупотреба, копирање или препродавање на содржината, акции кои се забранети со закон и подлежат на законска казна. Ние сериозно ја сфаќаме приватноста и безбедноста на Вашите лични податоци, па затоа ве советуваме да се информирате за тоа кои податоци ние може да собираме, користиме и споделуваме за потребите на платформата и вашето корисничко искуство.
Доколку имате некои прашања, поплаки или пофалби, препораки за подобрување на услугата и целосното корисничко искуство, како и проблеми со плаќањата и политиката за враќање на парите ве молиме контактирајте не на fitlife.online.mk@gmail.com